НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (FAQ)

Родео МК е портал кој ви овоможува посредништво при пазарење на роба од Америка, и превоз на истата до вашиот дом во Македонија. На Родео.МК можете да најдете зделки кои нас ни се допаднале, и кои можете да ги искористите за ценовна споредба со македонскиот пазар. Доколку сакате да нарачате нешто што не е на нашиот сајт, слободно контактирајте не за да ви дадеме понуда.

Пратките кои нема да стигнат до вашиот дом ќе ви бидат рефундирани во потполност! Вашата единствена обврска е да не исконтактирате преку email/Viber/WhatsApp со податоците за успешно направената нарачка(а со цел да се избегне секое несакано недоразбирање).

Нарачките треба да стигнат на адресата на збирниот центар на Родео МК во Indiana, USA, so “Shipping Address“:

Name: Ваше Име и Презиме

Rodeo.MK (во некое опционално поле, пожелно но не е неопходно)

Street: 1504 N. Main Street

City: Crown Point

State: IN (Indiana)

ZIp code: 46307

Тел: +13312057292

Email:vasha-email-adresa@mail.com

Плаќањето може да го извршите со кредитна/дебитна картичка, како и со PayPal, што е веројатно и наједноставно. При плаќањето со картичка, како “BILLING ADDRESS” можете да ја искористите адресата поврзана со вашата картичка, или  пак адресата на достава(во кој случај трансакцијата може да ви биде одбиена од страна на вашата банка).

Плаќањето кон Родео.МК се врши на рака при достава!

Можни причини за одбиена трансакција се:

  • Адресата со која е асоцирана картичката е погрешно внесена
  • Вашата банка не поддржува интернет пазарење
  • Лимитот на картичката за интернет пазарење е надминат

Наједноставен начин за интернет плаќање е PayPal, а конверзијата во денари е најдобро да ја направи вашата банка(а не PayPal), со што ќе добиете најдобар курс за конверзија на USD во MKD.

Откога ќе направите нарачка на продукт/и, должни сте да ни го препратите мејлот со конфирмација од вендорот (order confirmation), како и мејлот со информациите за пратката (parcel tracking info) на: Contact@rodeo.mk.

Ние ќе ве известиме кога ќе стигне пакетот во збирниот центар и ќе ве држиме информирани околу прогресот на пратката на патот до Македонија.

Плаќањето на трошоците кон Родео.МК се врши на рака, при прием на робата! За секоја нејаснотија контактирајте не!

Многу ретко се случува пакет да не стигне на својата дестинација во САД, но сепак таа можност не е исклучена. Во тој случај треба да ја контактирате продавницата да ви ја препратат робата. Тимот на Родео МК не може да знае дали вие нешто сте нарачале или не, па затоа сте должни да не исконтактирате кога ќе направите нарачка, за да го очекуваме пакетот во збирниот центар.

Да! Секоја фирма нуди попусти и поволности кога се креира кориснички профил. Некогаш тоа се купони, некогаш бесплатна поштарина, а некогаш и специјални роденденски поклони и попусти. Исто така и процесот за следните нарачувања од истиот вендор значително се олеснува.

Тимот на Родео МК ги наоѓа најдобрите моментални попусти, и тие најчесто траат само по неколку дена. Доколку најдете зделка која ви се допаѓа(а ви се вклопува во домашниот буџет), зграпчете ја! Тешко дека повторно ќе се појави истата цена во догледно време.

Тимот на Родео.МК е во постојана потрага на зделки кои цениме дека би биле интересни за македонскиот потрошувач, имајќи ја во предвид економската состојба во Македонија. Доколку сте нашле некој продукт кој би сакале да го купите, а го нема на нашиот сајт, слободно пратете ни мејл со линк и ние ќе ви помогнеме во превозот на истиот до Македонија.

Продуктот кој ќе го нарачате ќе стигне во својата заштитна обвивка или во картонска кутија, како што е пратена од продавницата каде сте ја нарачале. Книгите, пакувањата со суплементи и сл.(мали продукти спакувани во поголеми картонски кутии за превоз) ќе бидат отпакувани и замотани во заштитна хартија, со цел да се смали финалната цена на превоз која ја плаќате!

Апсолутно! Контактирајте не и ќе се договориме.

Апсолутно! Од Америка може да се нарача од игла до локомотива, но претходно да се договориме колку би чинел превозот и услугата.

Реално, скоро се може да се нарача од Америка. Пратете ни линк од продуктот кој ви е потребен преку Viber/WhatsApp, и ние ќе ви дадеме понуда за достава до врата.

Царинската тарифа, превозните трошоци и каргото се пресметани и прикажани во описот на продуктот. Истите варираат во зависност од типот и вредноста на продуктот(царина/ддв), волуменот на пакувањето како и од веројатноста да се оштетат при транспортот(превоз/достава). Овие трошоци се плаќаат при достава(во форма на откуп на пратка од Карго), или при превземање на робата во Скопје.

Sales Tax е неизбежен при купување во САД. Не боли и нас кога си нарачуваме роба, но тоа е тоа. Сепак, крајната цена на продуктите ни е прифатлива, и тоа е тоа што нас не интересира

Продуктите кои ги нарачувате во САД се од прва класа, и во 99.9% од случаите без дефект(на кратки и долгорочни стази). Производителите најчесто стојат позади своите продукти, и доколку истите потфрлат, многу често знаат да ви испратат нови, бесплатно.

Продуктите на Apple, Samsung, LG, Bose, Harman Kardon и сл., имаат гаранции кои важат насекаде во светот. Истите можете да ги однесете во било кој овластен сервис и да ви ги поправат бесплатно.

  • Секогаш креирајте кориснички профил на страницте каде што ви нудат попусти, free shipping, купони и поени.
  • Најдобрите попусти се секогаш околу американските празници, Memorial Day, Labor Day, Thanksgiving i Christmas.
  • Ако не знаете точна големина/модел на продуктот кој сакате да го купите, одете до наблискиот мол кој го продава истиот бренд и видете која големина ви одговара.
  • Ако не ви е јасен квалитетот на продуктот, прочитајте мислења на други потрошувачи кои веќе го купиле истиот и споделиле импресии.